Фудбал
13. April 2016 - 17:54

Работнички и Шкендија во финалето на Купот на Македонија

 
Екипите на Работнички и Шкендија ќе играа во финалето на фудбалскиот Куп на Македонија. 
 
Ова е исходот по денеска одиграните реванш натпревари од 1/2 финалето во кои, бранителот на трофејот Работнички со 3:0 ја победи Брегалница против која во првиот меч на гостински терен одигра 1:1.
 
Шкендија по втор пат беше подобра од Хоризонт Турново, кој денеска го совлада со 2:1, откако на првиот меч на гостински терен тетовската екипа славеше со 2:1.
 
Според календарот финалето на Купот на Македонија треба да се игра на 29 мај на арената Филип Втори во Скопје.