Работничката партија на Северна Кореја го поддржа натамошното зголемување на нуклеарниот капацитет
Конгресот на владејачката Работничка партија на Северна Кореја донесе одлука за натамошно зголемување на нуклеарниот капацитет на земјата.
Северна Кореја ќе го зајакне дополнително својот нулеарен капацитет за самоодбрана, како во квантитет, така и во квалитет, објави државната информативна агенција КЦТА, пренесува БТА.
Пјонгјанг ќе користи нуклеарно оружје само доколку постои закана за нејзиниот државен суверенитет од друга земја.
Одлуката е донесена вчера на третиот ден од конгресот на Работничката партија, по направениот преглед на работата на Централниот комитет.
Претходно севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека неговата земја ќе користи нуклеарно оружје само доколку постои закана за неа од друга нуклеарна сила.
САД се споменати изрично, како потенцијална закана во одлуката на конгресот, во која се додава дека инаку Северна Кореја како „одговорна држава ќе соработува за неширење на нуклеарно оружје во интерес на претворање на светот во зона, ослободена од нуклеарно оружје и ќе се стреми кон регионалните и глобалните мир и безбедност“.
Првиот конгрес на партијата по 36 години, кој се одржува во Пјонгјанг почна в петокот. Се очекува тој да ја зацврсти власта на Ким Џонг-ун во изолираната комунистичка држава. Конгресот се одржува зад затворени врати. Се очекува тој да заврши денеска. На него учествуваат вкупно 3.467 делегати, од кои 325 се жени.
Ново на Сител
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами
-
Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид
-
САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток
-
„Амазон“ ќе произведува 10.000 самоуправувачки „роботакси“ - возила годишно
-
Дисциплинската комисија на ЈОРСМ утврдила крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство
-
На граничните премини Богородица и Табановце од македонска страна се чека до половина час