Македонија
30. July 2019 - 16:45

Работни групи ќе ги „пеглаат“ разликите за пописот

Од конструктивна средба со прифатени забелешки за власта до коректен состанок без заклучоци за опозицијата заврши работната група за законот за попис на населението составена од претставници од ВМРО-ДПМНЕ предводени од пратениот Илија Димовски од една страна и директорот на Заводот за статистика Симевски и министерот за администрација Дамјан Манчевски од друга страна.

Главните разлики остануваат. Опозицијата бара  пописот да се одржи во 2021, а не како што планира Владата во 2020.

Сепак, преставниците на власта велат дека се подготвени да прифатат дел од забелешките на опозицијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ инсистираат и пописот да не го води директорот на Државниот завод за статистика, туку независно тело.

Опозицијата бара и да нема електронска пописници за иселенците, да нема попишување по матичне број туку до документ за идентификација, а попишувачите да бидат со мешовит етнички состав од аминистрација. Од ВМРО - ДПМНЕ велат дека доколку не се прифатат овие барања отворена е опцијата за бојкот.

Власта и опозцијата имаат и различни прогнози дали и кога би бил донесен законот за попис.

Владиниот предлог закон за попис на населението е влезен во Собрнаието, но расправата по него во комисијата за европски прашања ќе го чека политичкиот договор.