Работилници, предавања и филмови на „Скрипт фест 2015“
Работилници, предавања и проекции на филмови ќе понуди традиционалниот Меѓународен фестивал за филмските сценарија и сценаристите „Скрипт фест 2015“ кој ќе биде отворен денеска во Кинотеката на Македонија во Скопје.
Тридневната манифестација, која е во организација на Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација “Македонија Презент“ од Скопје, ќе започне со предавање на Ана Василевска на тема „Дилеми со теми или криза во умешното пишување на сценарија во македонската кинематографија“.
Според програмата, ќе следува проекција на филмови од Меѓународната филмска асоцијација СИФЕЖ и врачување на наградите: Скрипт мост на Душан Макавеев, Скрипт фест на проф. Владимир Блажевски, Скрипт феникс на проф.д-р Мишо Нетков, Скрипт презент на Тони Цифровски и Скрипт тренд на Марија Чолпа.
На фестивалот ќе бидат доделени и наградите Скрипт мобил од Конкурсот за краток филм снимен со мобилен телефон, кои годинава ги добија учениците од Скопје: Кристијан Јанкулоски за филмот „Скопје за рака“, Иван Јованоски за филмот „Убавините на Скопје“ и Леонид Јаневски за филмот „Пештерските деца во 21-от век“, како и учениците од Основното училиште „Карлтон“ од Сиднеј (Австралија) за филмот „Оправдување.ком“.
Свеченоста ќе биде збогатена со промоција на книгите „Пролетта на емигрантите“ од Калин Илиев (Бугарија) со реч на Јордан Плевнеш и промоција на книгата „Кинеење, кино живеење“ од Тони Цифровски за која ќе говори Тодор Кузманов, а ќе заврши со проекција на филмови од студентите на ЕСРА и ученици од основните и средните училишта во Скопје.
Следниот ден ќе се одржи работилница со ученици од основните и средните училишта од Скопје на тема „Современата литература - потенцијална инспирација за успешни сценарија, со примери во македонската кинематографија“ (креирање приказна во дијалози) и ќе бидат врачени наградите за најдобри кратки и документарни филмови.
На третиот и последен ден од фестивалот, исто така, ќе се одржи работилница со ученици од основните и средните училишта од Скопје на тема: Приказни директно инспирирани од секојдневното опкружување (вежби за перцепција, оживување на дијалози во слика), а ќе бидат врачени и сертификатите за посетување на работилниците за филмско сценарио.
На работилниците ќе бидат презентирани и најдобрите сценарија и кратки и документарни филмови на ученици од основните и средните училишта и студенти од Скопје.
Фестивалот е поддржан и се одржува со средства од Агенцијата за филм на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Петнаесетгодишно девојче застрела две лица во приватно училиште во САД, а потоа изврши самоубиство
-
Најмалку 100.000 луѓе се погребани во масовна гробница во близина на Дамаск, соопшти невладина организација
-
Холандија ќе го блокира следниот чекор на патот на Србија кон членство во ЕУ, најавува холандскиот шеф на дипломатијата
-
Претпладне со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала облачност
-
Мицкоски: Груби заедно со стопанственик со дипломатско возило вчера ја напуштил Македонија и заминал во Косово
-
Уште две деца повредени по новиот предизвик на „Тик ток“, хоспитализирана 15-годишна девојка
-
Вооружен грабеж во „Комерцијална банка“ во Чаир
-
Тошковски: Ќе покажеме дека криминалот и насилството се неисплатливи во Македонија