Работилници и музичка програма викендов на 6. Скопска недела на дизајн
Во рамки на 6. Скопска недела на дизајн денеска претпладне ќе бидат одржани три работилници за деца - „Фабрика за игри“ „Магијата на абакусот“ и „Илустрации“.
Презентациите во текот на викендот ќе бидат фокусирани и на здравата храна, како и за дизајнирањето бренд за храна - од идеја до продукт за консумирање.
Ќе биде претставен македонскиот бренд „Форми“, кој на нашиот пазар се појави на почетокот на 2016 година, а сега се насочува и кон меѓународен пласман преку овозможување онлајн-продажба на својата интернет-страница.
Иновативен пристап во решавањето на дизајнерските проблеми со акцент на креативноста и на разбирањето на потребите на клиентите ќе открие работилницата „Designthinking - Understanding the power of human-centered design“.
На денешната програма на Skopje Design Week е и работилницата „Дизајн низ искуство“. Завршна работилница на Недела на дизајнот утре ќе биде „Маркетиншки примери инспирирани од Школа за дизајн“.
Во музичкиот дел од програмата денеска ќе гостува белградска група „Дингоспо Дали“, а ќе се одржи и рап-натпревар „Beatrix League“. На затворањето на фестивалот утревечер ќе настапи диџеј Master Flow од Суботица.
Ново на Сител
-
За девет часа над 50 земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос-најсилниот пет степени
-
Мицкоски: Интервенции во минималната кошница и пресметка со објективни параметри
-
Повеќе од 4.000 осудени лица во Холандија се на слобода бидејќи нема места во затворите
-
Лани 1.700 Македонци добиле бугарски пасош
-
Пет лица застрелани во училиште во Шведска
-
Константен пад на бројот на бракови во Германија кај младата популација
-
„Дали знаете колку опожарени возила има на припадници на затворските полицајци?“, синдикатот на затворската полиција со отворено писмо до Пандов
-
Стојковски: Стигнати повеќето лекови на Онкологија, во најбрз рок уште два лека