Работилница за регионални стратегии за иновации во планските региони
Стимулација на иновациите, претприемништвото и подобра искористеност на иновативниот потенцијал на регионите преку зајакнување на соработката меѓу истражувачките центри и бизнис заедницата и дефинирање на приоритетите за регионални иновации и иновативни потенцијали.
За таа цел во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен регионален економски развој во Македонија“ спроведен од страна на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) денеска се одржа работилница за подготовка на регионални стратегии за иновации во планските региони.
Претставникот на ГИЗ Хамси Бехлули, рече дека програмата ги поддржува сите осум плански региони во Македонија и дека од денешната работилница се очекува да има регионална стратегија со посебни мерки за иновации за проекти.
- Нашата програма се обидува искуството од Германија да го донесе и во Македонија. Во тој домен е и иновацијата како еден важен чекор, а сега ќе имаме и иновативна стратегија. Се надевам дека тоа ќе биде еден добар документ, од кој утре ќе произлезат проекти кои што се битни за регионите, изјави Бехлули.
Раководителката на Центарот за развој на скопскиот плански регион Розета Арсовска, рече дека ова е прва работилница од ваков вид во Скопскиот плански регион во која учество потврдиле 40 претставници на општините, институциите, факлутетите и невладиниот и бизнис секторот.
- Воведувањето стратегии за иновации за прв пат е значаен чекор во процесот на креирање на економијата во Скопскиот регион. Организациите, институциите и компаниите секојдневно се соочуваат со проблеми со својата конкурентност, а подобрувањето на конкурентноста треба да се бара преку знаење и иновации, односно создавање на економии способни за натпревар на меѓународниот пазар, изјави Арсовска.
Процесот на изработка на стратегиите го организира Министерството за локална самоуправа во соработка со центрите за развој на планските региони и бизнис центрите.
Ново на Сител
-
Мачките благотворни за човековото здравје
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
ДКСК: 86 казни за актуелни и поранешни министри, пратеници и именувани лица
-
Филипче: Владата да каже за што се потрошени парите од унгарскиот кредит
-
Делегација од Кисела Вода предводена од градоначалникот Ѓорѓиевски положи цвеќе на гробот на Борис Трајковски
-
Мицкоски: Точно се определени начините како можат да се трошат средствата обезбедени преку кредитната линија од Унгарија
-
Има закон и ќе одговараат пред него, им порача Мицкоски на супер маркетите кои картелски се здружуваат
-
Дожд и повремен снег во наредните денови