Македонија
21. јуни 2018 - 8:44

Работилница за пештерската фауна во Слатински извор

Работилница за проектот „Заштита и промоција на ендемското пештерско ракче и глобално загрозениот лилјак - мал потковичар во пештерите во споменикот на природа „Слатински извор“ ќе се одржи денеска во општина Македонски Брод.

Работилницата е организирана од Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“-Скопје и Еколошкото друштво „Треска“-Македонски Брод, а финансиски е поддржана од ГЕФ ПМГ Република Македонија.