Работилница за најдобрите практики во развојот на РИПЗ
Увид во актуелните случувања поврзани со спроведувањето на Протоколот за Регистри на испуштање и пренос на загадувачки материи, размена на искуства и применети знаења, промоција на взаемно учење, како и можни прилагодувања за развој на ефикасни РИПЗ системи, е целта на денешната работилница на тема „Успесите, предизвиците и најдобрите практики во развојот на Регистри на испуштање и пренос на загадувачи (РИПЗ) во Земјите од Западен Балкан и Република Молдавија”.
Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски на отворањето на работилницата рече дека на овој состанок се очекува да се дадат препораки за следни чекори поврзани со имплеметацијата на РИПЗ Протоколот кај сите засегнати страни.
- Со реализацијата на овој проект се овозможи зајакнување на капацитетите на надлежните органи, инсталациите и НВО за имплементација на РИПЗ Протоколот во пракса. Oсобена улога во процесот на воспоставување и одржување на функционален регистар е индустријата, која преку доставување на бараните извештаи придонесува за успешно спроведување на барањата на Потоколот, истакна Темелковски.
Според него, на тој начин индустријата демонстрира општествена одговорност и овозможува пристап до информациите за нивните активности и емисиите на загадувачките материи во животната средина.
Претставникот на Германската амбасада во Македонија Марко Акватичи рече дека амбасадата поддржала многу локални проекти кои се однесуваат на заштитата на животната средина и во борбата против загадувањето на воздухот во Македонија. Како најголема поддршка од Амбасадата на Германија тој ги потенцираше проектите за подобрување на воздухот во Скопје и паркот со ветерници во Богданци кој е прв од таков вид на Балканот.
Работилницата е организирана како резултат на соработката на Министерството за животна средина и просторно планирање и Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) во рамките на проектот „Подршка за воспоставување и развој на Протоколот на Регистри на испуштање и пренос на загадувачи (РИПЗ) во Земјите од Западен Балкан и во Република Молдавија“. Проектот е финансиран од Програмата за советодавна помош на Германското Сојузно Министерство за животна средина.
Ново на Сител
-
Во Белград во сабота ќе се одржи хуманитарен концерт во споменот на загинатите во Кочани
-
ФЗОМ предупредува за сериозна фишинг измама преку лажна веб-страница
-
Украинската државна железница погодена од голем кибер напад
-
ОЈО бара притвор за 44-годишен маж кој украл 10 илјади евра од менувачница
-
Светски ден за борба против туберкулоза, 290 случаи во државава во 2023 година
-
Волц: Веќе се запрени воздушните напади врз руската и украинската инфраструктура
-
Демонстрантите во Истанбул четврта ноќ по ред протестираат против апсењето на градоначалникот Имамоглу
-
Стабилна е состојбата на сите 15 повредени од Кочани кои се хоспитализирани во Бугарија