Македонија
26. December 2018 - 13:37

Работилница за Божиќни аранжмани во Земјоделското училиште во Кавадарци

Работилница за изработка на Божиќни аранжмани се реализираше денеска во Земјоделско-шумарското училиште “Ѓорче Петров” од Кавадарци, во пресрет на новогодишните и божиќните празници.

Настанот беше во организација на еколошката секција, а учествуваа и ученици екологисти од основните училишта.

– Главна цел на еко секцијата е преку различни активности во училиштето, да се подигне нивото на еколошка свест кај младите, рекоа организаторите.

Тие нагласија дека со тимската работа во еко секцијата, се зголемува љубовта кон природата и желбата за нејзино зачувување.