Работен состанок за управување со отпад
Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска одржа работен состанок со градоначалниците на Источниот и Североисточниот плански регион за тековните и идните активности од областа управување со отпад.
На состанокот беа презентирани финансиските импликации за активностите предвидени за изработените документи.
Градоначалниците и министерот Изаири дискутираа за реализацијата на ИПА проектите: „Подготовка на техничка и тендерска документација за затворање диви депонии во Источниот и Североисточниот регион” и „Подготовка на технички спецификации за набавка на опрема за собирање и транспортирање на отпад во Источниот и Североисточниот регион“.
Министерот Изаири рече дека континуирано продолжува да одржува состаноци во сите плански региони, организирајќи ги сите активности потребни за реализација на ИПА проектите кои се однесуваат на решавање на состојбата со отпадот во Република Македонија и изградбата на регионални депонии во сите шест плански региони.
За Министерството за животна средина и просторно планирање успешното реализирање на овие проекти претставува услов за преземање натамошни чекори и обезбедување средства за реализација на интегриран систем за управување со отпад во овие два региона.
Ново на Сител
-
Костадинов: Тврдам дека водата во Струмица е исправна
-
Новиот тим македонски историчари утре на прва средба со тимот од Бугарија
-
Пронајдено безживотното телото на стружанецот по кој се трагаше два дена
-
Терористички напад во Турција: Четворица загинати и 14 повредени
-
В.д. директор на ЗОО-Скопје: АХВ упадна без налог и известување
-
Се уште забранета водата за пиење во Струмица
-
Малолетничка претепана со тврди предмети од дечкото
-
Баба (68) „копала“ крипто валути, измамена за 215.497 денари