ПВЦ прозорци имаат летен и зимски режим: Како да ги наместите да не ви студи
ПВЦ столаријата е најдобар избор и за студените но и за топлите денови зошто со нив најдобро се задржува температурата во домот.
Поентата е во различни временски периоди да се смени само начинот на „одржување„ на прозорците. Едноставно отворете го прозорецот и пронајдете го штрафот на страната каде се наоѓа рачката, па регулирајте со помош на инбус клуч.
Штрафот кој се наоѓа од страна на шарките вртете го навнатре, при што се регулира силата на потисокот на прозорскиот оквир.
Кога мајстор ви го поставува прозорецот најчесто го остава во „стандарден“ односно среден режим.
Ако не сте сигурни во кој режим ви се прозорците и вратите, едноставно на прозорското крило притиснете парче хартија. Ако можете без проблем да го извадите, наместено е на летен „режим“, а ако се скине при вадењето тогаш е на зимски „режим“.
Не е пожелно да ги оставате прозорците и вратите на „зимски режим“ во текот на целата година зошто се оптоварување на гумата на оквирот се зголемува, па брзо ќе се истроши.
Погледнете подетално на следната снимка:
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?