Путин засега без одговор на протерувањето на руските дипломати од САД
Рускиот претседател Владимир Путин во моментов нема донесено каква и да било одлука за реципрочни мерки по протерувањето од САД на руските дипломати и одземањето на дипломатската сопственост на крајот на минатата година, изјави денеска неговиот прес секретар Дмитриј Песков, цитиран од ТАСС.
Засега шефот на државата не донел никакви одлуки. Паралелно со ова, ние повеќепати подвлекуваме дека ситуацијата со дипломатите и сопственоста останува недозволива и трпението на руската страна се става на сериозен испит, забележа портпаролот на Кремљ пред новинарите
Руското Министерство за надворешни работи денеска се закани дека од земјата ќе протера ненаведен број американски дипломати како одговор на контитунираното блокирање на двата руски дипломатски поседи во САД, пренесе ДПА.
Имотите беа блокирани од поранешниот американски претседател Барак Обама во последните денови од неговото владеење, кога тој протера и 35 руски дипломати, заради обвиненија дека руски хакери извршили кибер напади со цел да влијаат врз претседателските избори во САД во корист на Доналд Трамп, кој како кандидат за Белата куќа ветуваше дека значително ќе ги подобри односите со Русија.
Рускиот претседател Владимир Путин, и покрај очекувањата за брза реакција, тогаш донесе одлука да не презема реципрочни мерки против американските дипломатски претставници во земјата, очигледно сметајќи дека новоизбраниот, но се уште нестапнат на должност, претседател Доналд Трамп, ќе преземе различен курс кон Русија. Место тоа, како гест на добра волја ги покани американските дипломати и нивните семејства на новогодишна забава во Кремљ.
Во денешната изјава, цитирана од ТАСС, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека земјата размислува за реципрочни мерки, затоа што, и покрај нејзините повеќекратни протести, Американците се уште не ги враќаат блокираните руски дипломатски имоти во САД.
Ново на Сител
-
Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема
-
Околу 350 деца Роми ќе бидат згрижени бесплатно во јавните градинки во 21 општина
-
Приведен вработен во ЈП Национални шуми - Добивал по 200 евра месечно за дозволи за сеча на дрва
-
ЦУ: Спречени обиди за криумчарење кокаин, цигари, облека и нелегален изнес на девизи
-
Приведени крадци од Боговиње
-
Изгаснат пожарот во Бутел 1, опожарен и дел од кровната конструкција на соседната барака
-
Автоматски пушки и муниција пронајдени во селото Грешница, поведена истрага
-
Суд во САД: Свршеничкиот прстен му припаѓа на давателот по раскин на веридбата, без оглед чија е вината