Свет
1. November 2017 - 13:12

Путин во посета на Иран

Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна во посета на Техеран, каде ќе има средби со лидерите на Иран и Азербејџан.

Главни теми во разговорите треба да бидат развојот на инфраструктурата во регионот на Касписко Море, како и безбедносните прашања во немирниот регион.

Путин ќе се сретне со иранскиот претседател Хасан Рохани и врховниот водач ајатолах Али Хамнеи.