Путин: Уметниците да не поттикнуваат поделби во општеството
Рускиот претседател Владимир Путин ги предупреди руските уметници на „крајното опасно однесување“ и ги повика “да не поттикнуваат поделби во општеството“, преминувајќи ги границите на слободата на говорот како францускиот весник „Шарли ебдо“.
- Секогаш постои кревка граница меѓу она што се нарекува крајно опасно однесување и слободата на говорот, изјави вчера Путин на состанокот со Консултативниот совет за уметност и култура.
Тој го наведе примерот со француското сатирично списание „Шарли ебдо“, кое е познато по своите карикатури на пророкот Мухамед и кое на 7 јануари 2015 година во Париз беше цел на исламистички напад, во кој беа убиени 12 лица, меѓу нив и седуммина членови на уредништвото.
- Прашањето е дали тие карикатуристи требало да ги навредуваат муслимансите верници? Можеби не сакале никого да навредат но тоа го сториле, нагласи рускиот претседател.
Тој со ова реагираше на изјавата на популарниот глумец Јевгениј Миронов, кој пред него се пожали дека конзервативните активисти и властите вршат се поголем притисок врз уметничката слобода на изразување во Русија.
Ново на Сител
-
На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години
-
12-годишник и го нападнал синот на Скопјанка, таа го однела дома и го држела одреден период
-
Во Кисела Вода пронајден починат маж на автобуска постојка
-
Турчинка физички нападната од такси возач во Скопје
-
Мицкоски: Не може да има промена на имиња на улици без консензус
-
Владата го примила предлог-текстот за пругата на Коридор 8 предложен од Бугарија
-
Полска и Канада потпишаа договор за соработка во областа на нуклеарната енергија
-
Сашко Коцев: Беа во цивилка, не знаев дека се полицајци