Путин: Турција односите со Русија свесно ги води во слепа улица
Турција се уште не упатила извинување до Русија на високо ниво за соборувањето на авионот Су-24, не понудила да ги компензира штетите и не ветила дека ќе ги казни виновниците, изјави рускиот претседател Владимир Путин, јави ТАСС.
Говорејќи на церемонијата на врачување на акредитивните писма од нови амбасадори Путин истакна дека со таквите постапки Турција свесно ги води во слепа улица односите со Русија.
Путин нагласи дека она што се случило пред два дена на небото над Сирија се спротивставува на здравиот разум и на меѓународното право и повтори дека авионот бил соборен над сириска територија.
Тој потенцира дека ги смета за „апсолутно несфатливи предавничките удари од зад грб на оние, кои ги сметаме за партнери во борбата против тероризмот“.
Според рускиот претседател подемот на групацијата Исламска држава е последица на пасивноста на повеќе земји и на нивната поддршка на тероризмот.
- Сметаме дека секој обид за оправдување на тероризмот, за поддржување на тероризмот, треба фактички да се разгледува како соучество во тероризмот, соучество во криминалот, нагласи Путин.
Ново на Сител
-
Околу 2 илјади лица на раб на егзистенција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Синдикатот на културата утре излегува на протест