-->
-->
Путин се согласува со САД околу учество на сириската опозиција во власта
-->

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека се согласува со предлогот на САД за вклучување на дел од сириската опозиција во актуелната власт во Дамаск.
Путин во своето обраќање на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург истакна дека сирискиот претседател Башар ал Асад се согласил дека постои потреба за политички процес.
Тој нагласи дека за Сирија не е најважно Асад да воспостави контрола врз територијата, туку да се врати целосната доверба во власта.
Рускиот претседател изјави дека Сирија неизбежно ќе пропадне доколку работите останат какви што се сега, нагласувајќи дека тоа би било најлошото можно сценарио.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
