Путин: Се намалува довербата меѓу Русија и САД
Рускиот претседател Владимир Путин во интервју за „Мир 24", истакна дека откако Доналд Трамп е претседател на САД, се намалува довербата меѓу Москва и Вашингтон.
- Може да се каже дека довербата, особено во полето на воената соработка, не се зголеми, туку напротив, се намали, рече Путин.
Прашан за обвинувањата кон сириската Влада за одговорноста за хемискиот напад во провинцијата Идлиб, тој одговори дека Сирија ги предала залихите од хемиско оружје. Натаму, тој додаде дека вистината за овие настани може да се бара во тоа дека веројатно сириската авијација случајно погодила складиште со хемиско оружје на бунтовниците, од каде што се расширил отровниот гас, или, пак, се работи за провокација со цел да се дискредитираат сириските власти.
Според рускиот претседател, без истрага не е можно да се преземат какви и да е дејствија против официјалните сириски власти.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка