Путин: Руската рака ќе стигне до сите вмешани во нападот на Крокус Сити Хол
Руската рака ќе стигне до сите кои наредиле и имале корист од терористичкиот напад во Крокус Сити Хол во Москва, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
– За нас е важно да ги утврдиме не само директните извршители, туку и сите алки, криминални синџири на оние кои имаат корист од тоа злосторство. Сигурно ќе дојдеме до нив, рече рускиот лидер на продолжениот состанок на колегиумот на МВР.
Русија плати многу висока цена за терористичкиот напад во „Крокус Сити Хол, а анализата за состојбата на работата на безбедносните органи мора да биде крајно објективна и професионална, истакна Путин.
– Важно е, пред сè, да се подигне безбедноста на ново ниво – да се обезбеди ред во спортски објекти, транспортни и трговски и забавни центри, училишта, болници, универзитети, театри и така натаму, рече рускиот лидер.
Во исто време, тој рече дека не треба да се дозволи неодамнешните трагични настани во Крокус Сити Хол да предизвикаат зголемување на ксенофобијата и исламофобијата.
Путин го повика и Министерството за внатрешни работи да внимава на акциите за неутрализирање на организираниот криминал.
– Да се има предвид дека таквите групи, понекогаш вистински криминални синдикати, често имаат прекуграничен карактер и работат рака под рака со странски разузнавачки служби, емисари на меѓународни радикални екстремистички структури, рече рускиот претседател.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Лондон
-
Студено утро, преку денот претежно сончево
-
Мексиканската морнарица заплени 4,5 тони кокаин од шверцерски брод
-
Гори крајречна трска во атарот на пелагониските села Брод-Гнеотино
-
Илјадници луѓе на протест во Истанбул втора ноќ по ред поради апсењето на градоначалникот
-
Има доволно крв на Трансфузиологија и апелираат да не се шири паника и апели за дарување на социјалните мрежи
-
Шпанска Амбасада: Шпанија секогаш блиску до Северна Македонија, се солидаризира со жртвите од пожарот
-
Уапсени Папазов, Димитровски и Илијев - последните тројца градоначалници на Кочани