Путин: Русија може дополнително да го намали бројот на американските дипломати во земјата

Официјална Москва го задржува правото дополнително да го намали бројот на американски дипломати во Русија, но засега тоа нема да го направи, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Како што јавува ТАСС, Путин, кој ја завршува посетата на Кина, истакна дека Москва и Вашингтон се договориле да имаат еднаков број дипломати во Русија и САД. Во Русија работеа околу 1.300 американски дипломати, а руски во САД се 455. Според Путин, меѓу тие 455 вработени, се и 155 лица кои работат за Обединетите нации, кои „стриктно гледано, не се дипломати со акредитација од Стејт департментот, туку се соработници на светската организација“.
- Така што, доколку зборуваме за целосен паритет, од 455 дипломати на САД во Москва, треба да се намалт дополнителни 155 лица. Поради тоа го задржуваме правото понатаму да го донесеме тоа решение, но засега тоа нема да го направиме. Ќе видиме како понатаму ќе се развива ситуацијата, нагласи Путин.
Рускиот претседател најави дека ќе му наложи на Министерството за надворешни работи на Русија преку американските судови да си го врати одземениот руски дипломатски имот во САД.
- Што се однесува до зградите и објектите на руската дипломатска мисија во САД, ова е навистина без преседан. САД и го одзедоа правото на Русија да го користи својот имот. Ова е јасно кршење на имотните права на руската страна. Затоа, прво ќе побарам од руското Министерство за надворешни работи да се обрати до судот. Да видиме како функционира фантастичниот американски судски систем, рече Путин.
Ново на Сител
-

Во полициска акција што беше извршена синоќа во кругот на поранешната фабрика ОХИС одземена е голема количина на марихуана
-

Променливо време во наредните денови
-

Муцунски од Дубаи: Отворени се нови можности за соработка, бенефитот ќе го почувствуваат граѓаните
-

11 возачи возеле без возачка и со активна забрана за управување моторно возило, од нив двајца се малолетници
-

Малолетник прегазен на булевар во Куманово
-

Лишен од слобода крадец од Радовиш баран поради бегство од затвор
-

Во Јапонија откажан Фестивалот на цветање на црешите поради несовесни туристи
-

Норвешка одвојува 86,4 милиони евра за фондот за поддршка на енергетиката на Украина
