Путин: Русија може да му даде азил на Асад, доколку е принуден да ја напушти Сирија
Русија може да му даде азил на сирискиот претседател Башар ал Асад, доколку тој биде принуден да ја напушти својата земја, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за германскиот весник „Билд“.
- Многу беше потешко да му дадеме азил на Едвард Сноуден во Русија, отколку што би било за Асад, истакна Путин.
Според него е премногу рано да се каже дали ќе треба Русија да му даде засолниште на Асад, чија земја речиси пет години е зафатена од граѓанска војна.
- Прво Сиријците ќе треба да гласаат, а потоа ќе видиме дали Асад ќе треба да ја напушти земјата, ако загуби на изборите, нагласи Путин, признавајќи дека „Асад направил многу грешки за време на овој конфликт“.
Рускиот претседател додаде дека „Русија нема да дозволи Сирија да заврши како Ирак или Либија“.
Ново на Сител
-
Дрво падна врз жена во Скопје | ВИДЕО
-
Полицаец го напуштил работното место па пукал во воздух
-
Мемов: ЗНАМ ги „отвора вратите“ за сите членови на СДСМ
-
Од силниот ветер падна дрво во близина на „Веро Џамбо“
-
По најавите за поројни дождови УХМР со апел за внимание во одредени региони и реони
-
МВР: Лажни се поканите до граѓани за наводна тековна истрага
-
Лажна закана за бомба на аеродромот во Приштина
-
Топ Билд: Асфалтната база во Визбегово промовира индустриски еколошки напредок