Путин: Резултатите од референдумот го одразуваат незадоволството на Британците
Резултатите од референдумот во Велика Британија, на кој мнозинството гласачи се изјаснија за излез на земјата од ЕУ, го одразува незадоволството на граѓаните со безбедносната состојба и недостаток на желба да се им се помага на послабите европски економии, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
- Верувам дека на Британците им е јасно зошто се случи ова. Никој не сака да храни и субвенционира послаби економии, да помага други држави и цели народи, истакна Путин.
Според него, „граѓаните веројатно се незадоволни и од разрешување на проблемите во сферата на безбедноста, која драматично е влошена по миграцискиот бран“.
- Луѓето сакаат да бидат понезависни, додаде рускиот претседател.
Коментирајќи ја забелешката на британскиот премиер Дејвид Камерон дека Путин ќе ја поздрави одлуката за Брегзит, тој истакна дека Русија немала никакво влијание врз одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Панди Јани, претседател на партијата на слободата за Мала Преспа
-
Сител во Пустец: Како Бугарите станаа побројни од Македонците во Албанија
-
Јавните комунални претпријатија се превработени, но со несоодветен кадар
-
Сител во Пустец: Како Бугарите станаа побројни од Македонците во Албанија
-
Сведоштва за бугарските медиуми
-
СДСМ утре избира нов партиски лидер
-
Вреди ќе добие заменик во АНБ
-
Дали нотарите ќе поскапат и до 10 пати? Лога ја повикува новата влада да го укине тарифникот