Свет
24. April 2022 - 13:06

Путин присуствуваше на велигденска литургија во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на велигденската литургија во Соборниот храм Христос Спасител во Москва. Литургијата, која започна неколку минути пред полноќ, ја служеше патријархот Московски и на цела Русија Кирил.

Во оваа црква Путин традиционално го слави Велигден. Покрај Путин, како и претходните години, беше и градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

Патријархот Кирил на верниците им посака духовна сила, мир и исклучување од комуникацијата што може да ги повреди блиските.

Рускиот патријарх ги повика верниците да учествуваат во помошта на жртвите од војната и им се заблагодари на сите кои „ја вршат оваа важна служба“.