Свет
25. February 2022 - 14:25

Путин прифати да преговара со Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика рускиот претседател Владимир Путин да преговара.

– Сакам уште еднаш да му се обратам на претседателот на Руската Федерација… Да седнеме на преговарачка маса, да ја запреме смртта на луѓето – рече Зеленски.

Рускиот претседател Владимир Путин ја прифати поканата за преговори.

Русија е подготвена да преговара со Украина на високо ниво – изјави Путин, пренесува РИА Новости.