Свет
30. December 2016 - 14:49

Путин пресече: Нема да има протерување американски дипломати од Русија

Претседателот на Русија, Владимир Путин одлучи да не се бркаат американски дипломати од Русија како одговор на новите санкции на Вашингтон против Москва, соопшти прес-службата на Кремљ, пренесува ТАСС.

- Нема да создаваме проблеми на американските дипломати. Никого не протеруваме, изјави Путин.

Рускиот претседател додаде дека Русија нема да забранува на семејствата и децата на дипломатите да заминат на, вообичаените за нив, места за одмор за време на новогодишните празници.

- Покрај тоа, сите деца на американски дипломати акредитирани во Русија, се поканети на новогодишната и божикна свеченост во Кремљ, додаде рускиот лидер.