Свет
22. January 2025 - 13:35

Путин повторно го именува Игор Краснов за главен обвинител на Русија

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за повторно именување на Игор Краснов за главен обвинител на Русија.

„Во согласност со дел 2 од член 129 од Уставот на Руската Федерација и точки 1 и 5 од член 12 од Федералниот закон „За обвинителството на Руската Федерација“, Игор Викторович Краснов е назначен на позицијата главен обвинител.

На Руската Федерација“, се наведува во документот објавен на официјалната веб-страница на Обвинителството. Краснов првпат беше назначен за главен обвинител во јануари 2020 година.

Пред тоа, тој беше заменик-претседател на Истражниот комитет на Русија.