-->
-->
Путин повика на обновување на односите со ЕУ
-->
Рускиот претседател Владимир Путин повика денеска на обновување на односите со ЕУ, истакнувајќи дека Унијата и понатаму е клучен трговски партнер на Москва.
- Русија е подготвена да се најде на половина пат со Европа, но во прашање не е еднонасочен сообраќај, изјави Путин на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.
Тој предложи почеток на преговорите со ЕУ за техничка соработка, како прв чекор во обновување на односите.
Путин оцени дека неодамнешните средби со претставници на германски и француски бизнис кругови покажале дека европските деловни лидери се подготвени и сакаат да соработуваат со Русија.
- Треба да ја вратиме довербата во руско-европските односи и да го обновиме нивото на интеракција, порача рускиот претседател.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули