Свет
17. September 2016 - 16:06

Путин незадоволен од тоа што САД одбива да ја објави спогодбата за Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази незадоволство од одбивањето на Вашингтон да го објави договорот за примирјето во Сирија, кој го постигнаа САД и Русија, но дополни дека Москва тоа не сака да го направи унилатерално.

- Навистина не разбирам зошто мораме таков договор да чуваме во тајност, изјави Путин за време на посетата на Киргистан.

- Ова произлегува од претходниот проблем со кој САД се соочуваат во Сирија - тие и натаму не можат да го одговојат „здравиот“ дел од опозицијата од криминалните крупи, истакна рускиот претседател.

- Според мене, со криењето на договорот сакаат да го задржат борбениот потенцијал во борбата против претседателот Башар ал Асад, но ова е многу опасен развој на ситуацијата. Ми изгледа дека нашите американски колеги повторно паѓаат во истата замка, изјави Путин.

Воедно тој изрази надеж дека САД ќе ги исполнат своите обврски кон Сирија, нагласувајќи дека мирот во Сирија е заеднички интерес на САД и Русија.