Свет
11. October 2024 - 13:15

Путин: Неопходен е нов светски поредок

Претседателот на Русија, Владимир Путин на регионалниот форум во Туркменистан изјави дека е неопходен нов светски поредок, во кој поправедно ќе биде прераспределено богатството и ќе се земе предвид мислењето на секоја земја.

Во главниот град на Туркменистан, Ашкабад се одржува регионален форум на лидерите од Централна Азија. На Форумот присуствуваат и претседателот на Иран и на Пакистан, како и шефовите на другите централноазиски земји – Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан.

Предвидено е Путин да се сретне и со туркменистанскиот колега Сердар Бердимухамедов.

Кремљ соопшти дека на маргините на форумот Путин ќе разговара за ситуацијата на Блиски Исток со претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан.