Путин: Не го сакаме враќањето на СССР, но никој не ни верува
Русија не се обидува повторно да го воспостави Советскиот Сојуз, изјави рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека проблемот е што „никој не сака да поверува во тоа“.
-Кога станува збор за Украина и другите републики од поранешниот СССР, сигурен сум дека нашите партнери не работат во интерес на Украина, туку работат на спречување на повторното создавање на СССР, рече Путин во синоќа емитуваниот документарец „Светски поредок“, пренесуваат француските медиуми.
„Никој не сака да верува дека ние не се обидуваме да го вратиме Советскиот Сојуз“, истакна рускиот претседател.
Во документарецот емитуван на каналот „Росија 1“ Путин, исто така, ја критикуваше интервенцијата на Западот на северот од Африка и на Блискиот Исток.
-Не можете само така да воведете своја верзија на демократијата и доброто и злото за луѓето од други култури, друга вера и традиција, и тоа на тој механички, автоматски начин, истакна Путин.
„Се чини дека Западот мисли дека е непогрешлив, но кога ќе дојде време за преземање одговорност, нив нигде ги нема“, наведе рускиот претседател.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево