Loading Video...
Свет
21. September 2022 - 12:20

Путин нареди делумна воена мобилизација во Русија

Претседателот Владимир Путин нареди делумна воена мобилизација во Русија. Ова е прв ваков потег по Втората светска војна. Ваквата негова одлука ја донел со цел одбрана на руските територии, бидејќи смета дека Западот сака да ја уништи Русија. Се закани дека земјата има по модерно оружје од НАТО и доколку биде потребно ќе го искористи.

Истовремено соопшти дека целосно ќе ги поддржи најавените реферндуми во Лугањск, Доњецк, Запорожје и Херсон за приклучување кон Русија. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу информираше дека ќе бидат повикани 300.000 резервисти.

Одлуките на Путин, советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак ги оцени како предвидлив чекор кој ќе се покаже како крајно непопуларен.

Тој смета дека војната во Украина не оди според планот на Москва, и дека рускиот претседател Владимир Путин се обидува да ја префрли вината на Западот за започнување на непредизвикана војна и за влошување на економската ситуација во Русија.

Со реакција се јавија и сите западни држави. Германскиот вице канцелар Роберт хабек вели дека ваквата одлука ќе резултира со ескалација на конфликтот.

Тонско роберт хабек

Британскиот Министер за добрана Бен валас пак смета дека ова е доказ дека руската инвазија пропаднала и дека во Москва владее паника.

Путин и неговиот министер за одбрана испратија во смрт десетици илјади нивни лошо опремени и лошо водени граѓани. Ниту една пропаганда не може да го скрие фактот дека Украина победува во оваа војна, дека меѓународната заедница е обединета, изјави Валас.

Кина пак ги повика сите страни да се вклучат во дијалогот и консутациите, со цел да се пронајде решение за сите безбедносни проблеми.