Путин: На Украинците им се испрани мозоците

Додека траат преговорите помеѓу Русија и Украина, рускиот претседател Владимир Путин се обрати пред рускиот Совет за национална безбедност, истакнувајќи дека инвазијата се одвива според планот и оти руските војници се прави херои.
Тој наведе дека Русите и Украинците се еден народ, но оти на Украинците им се испрани мозоците.
– Никогаш нема да се откажам од тврдењето дека Украинците и Русите се ист народ, но ние се бориме против неонацисти, кои имаат затвореници дури и од Блискиот Исток. Тие користат цивили и странци како жив штит, посочи Путин.
Путин истакна и дека руската армија обезбедила коридори за цивилите, како и за странските државјани, но оти украинските националисти ја попречуваат евакуацијата на цивилите од областите каде се водат борби.
Тој најави и помош за семејствата на загинатите и повредените војници во Украина.
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
