Путин му го оствари сонот: Болното дете имаше само една желба, а рускиот претседател и си исполни ветувањето
Претседателот на Русија Владимир Путин се состана со Артјом Палјанов од Ленинградската област, дете кое сонувало да го види Санкт Петербург од птичја перспектива. Рускиот претседател успеа да му го исполно ова претходно дадено ветување кон малото момче.
-Сакам да ви честитам Нова година и Божиќ, рече Путин на состанок со семејствата.
Рускиот претседател се интересираше како детето се сетило да ја погледне северната престолнина од птичја перспектива. Артјом одговорил дека го интересира да го гледа од високо Петербург, како и било кој друг град.
Претседателот му ја покажа на детето трасата на летот, по што заедно ги отворија подароците. Путин лично ги испрати до хелиодромот.
Потоа, детето тргна на екскурзија над градот со хеликоптер.
Артјом живее во селото Тајцици, во Ленинградската област. Тој е еден од петмианта тешко болни деца чии желби претседателот на Русија лично се нафати дека ќе им ги исполни.
Ново на Сител
-
Манчестер Сити четврти пат по ред шампион на Англија
-
За личниот живот и 30 годишната кариера со Суперхикс | Петар Младеновски | Sitel Podcast 038
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект