Путин: Ленин постави атомска бомба под СССР
Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека идеите на Владимир Илич Ленин довеле до распад на СССР, наведувајќи дека тие „поставиле атомска бомба под Русија, која подоцна експлодирала“.
Путин тоа го изјави за време на вчерашниот состанок на Претседателскиот совет за наука и образование, откако еден од учесниците цитирал стихови од поема на Борис Пастернак во која Ленин е опишан како некој што текот на своите мисли ги насочувал кон управување на земјата.
- Исправно е владеењето да ви биде раководено од мислите, но само кога идеите доведуваат до исправни резултати, а не како што правеше Владимир Илич, наведе Путин, додавајќи оти на крајот идеите на Ленин довеле до крах на Советскиот Сојуз, објави „Москоу тајмс“.
Тој додаде дека Ленин имал многу такви идеи, како што е автономија за регионите.
- Со таквите идеи поставена е атомска бомба под зграда наречена Русија што подоцна експлодира. Не ни беше потребна глобална револуција, посочи Путин.
Тој претходно падот на Советскиот Сојуз го опиша како „најголема геополитичка катастрофа на 20 век“.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка