Свет
27. July 2024 - 18:51

Путин: Јакнењето на рускиот идентитет е основа на иднината на земјата

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека јакнењето на рускиот идентитет е основата на иднината на Русија.

Во интервју за документарниот филм „Нов Херсонес“, зборувајќи за изградбата на музејско-храмскиот комплекс „Нов Херосонес“ во областа Севастопол, тој рече дека целта на проектот е да привлече што поголем број Руси и посетители од странство, за да можат да се запознаат со историјата на Русија.

– Кога ќе се соочат со настаните што се опишани таму, ќе сфатат кои сме ние, од каде дојдовме, како е обликувана нашата државност бидејќи стекнувањето и јакнењето на идентитетот е основата на иднината на земјата, рече Путин.

Тој додаде дека би сакал да го види „Нов Херсонес“ како симбол на просперитетот и победата на Русија.

Путин постојано нагласува дека Херсонес Тавријски е еден од најважните извори на руската духовност, додавајќи дека „таму сè се испреплетува: и духовните принципи и државните принципи и историската и културната традиција