Путин: Ја продолжуваме соработката со Трамп и со САД
Рускиот претседател Владимир Путин денеска најави дека Москва ќе соработува со САД и актуелниот претседател Доналд Трамп.
- Не постои друг претседател на САД, ниту постојат други САД. Ќе продолжиме да соработуваме, истакна Путин, додавајќи оти САД се „најголема светска сила, лидер во многу работи“.
- САД се природен партнер (на Русија) во многу области, меѓу кои меѓународната безбедност, неширење на оружје за масовно оружје, борба против тероризмот, борба против климатските промени и заштита на животната средина, наведе Путин.
Тој додаде дека се надева оти ќе исчезнат сомнежите за наводното руско мешање во изборите во САД.
- Се надевам дека внатрешнополитичките кавги во САД ќе престанат со труење на руско-американските односи и со влијанието на ситуацијата во светот, посочи Путин.
Ново на Сител
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа