Свет
27. February 2022 - 15:22

Путин ја обвини Украина дека пропушти можност за разговори, Зеленски разговараше со Лукашенко

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги обвини украинските власти дека ја пропуштија „можноста“ за разговори, откако неговата армија пред четири дена изврши инвазија врз соседната земја.

Украинскиот претседател  Володомир Зеленски на својот канал на Телеграм денеска напиша дека разговарал со белорускиот лидер Александар Лукашенко, сојузник на Русија, откако Киев претходно утринава го отфрли предлогот на Русија да преговара за прекин на огнот во место во Белорусија, земјата која и овозможи на руската војска да ја нападне Украина од нејзина територија.

Зеленски притоа не откри никакви детали за содржината на разговорот.

Претходно Зеленски ја остави отворена можноста за преговори во „кој било друг град“ надвор од Белорусија.

-Варшава, Братислава, Будимпешта, Истанбул, Баку. Ние ги предложивме. И кој било друг град ни одговара, додека од нивната територија не бидат истрелани ракети кон нас, рече Зеленски во видео пораката објавена на интернет.

Обраќајќи им се на Белорусите, Зеленски кажа: „ Доколку немаше офанзивни дејства од вашата територија, можевме да разговараме во Минск“.

-Руската делегација е во областа на белорускиот град Гомел и е подготвена да разговара со претставниците на Киев, а оние кои покажаа недоследност досега не ја искористија таа можност, рече Путин во телефонскиот разговор со израелскиот премиер. Министерот Нефтали Бенет.

Во соопштението се наведува дека Бенет „предложил Израел да посредува во преговорите за прекин на огнот“, јавуваат британските медиуми.

Германската агенција ДПА го пренесе предлогот на поранешниот италијански премиер Матео Ренци, во конфликтот да посредува поранешната германска канцеларка Ангела Меркел.

Меркел (67) е една од неколкуте политичари кои преговараат со рускиот претседател Путин, изјави Ренци за дневниот весник Ла Стампа.

„Таа е единствената способна да зборува со Москва, Вашингтон и сите престолнини  итаа ќе биде слушаната“, рече Ренци, прашувајќи „дали сакаме таа да биде во пензија додека светот се распаѓа?