Путин изрази жалење за замрзнатите односи меѓу Русија и САД
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази жалење за замрзнатите односите меѓу неговата земја и САД, пренесе ТАСС.
-За жал, нашите односи се во доста замрзната состојба. Мислам дека тоа не е по наша вина, рече Путин на Источниот економски форум во Владивосток.
Путин забележа дела во текот на 90-те години од минатиот век Русија се отворила за светот и почнала да гради демократско општество и пазарна економија.
-И ние, се разбира, очекувавме оваа отвореност да предизвика соодветна реакција од страна на нашите партнери, но не се случи ништо такво, подвлече тој, цитиран од ТАСС.
Путин денеска ги критикуваше западните сили дека по распадот на Советскиот сојуз сакале да ја згазат и Русија.
-Западот конкретно ги поддржуваше сепаратистите во северен Кавказ, сметајќи дека тоа руското раководство ќе го направи попослушно, истакна тој.
Путин јасно порача дека руско-американските односи нема да бидат одмрзнати се додека САД не почнат да ги почитуваат и земаат во предвид интересите на Русија, пренесе ТАСС.
-Крим засекогаш се врати во составот на Руската федерација, и ова прашање е историски затворено, предупреди тој.
Путин забележа дека одлуката била донесена од населението на полуостровот и тоа на референдум.
-Безбедноста треба да биде глобална, бидејќи само тогаш може да биде надежна, подвлече рускиот претседател.
САД и Русија се вовлечени во граѓанската војна во Сирија, каде поддржуваат различни страни во конфликтот, потсетуваат американските медиуми. Москва е главниот поддржувач на режимот на претседателот Башар ал-Асад, а Вашингтон на опозицијата. САД и Русија преговараат за спогодба за соработка во Сирија.
Ново на Сител
-
Клековски: Лекови мора да има и ќе има за сите– имаме решение за проблемите во здравството
-
Истрага за две разбојништва извршени од 25-годишник во Скопје
-
ОН бараат Израел да го прекине „незаконското“ присуство на Западниот Брег и Источен Ерусалим во рок од 12 месеци
-
Најмалку тројца загинати, стотици ранети во нови експлозии во Либан
-
Исчезнато 45-годишно лице со здравствени проблеми од скопска Кисела Вода
-
Ограбена спортска обложувалница во Чаир
-
Драчевчанец споделувал експлицитни содржини од неговата малолетна девојка
-
Малолетник нападнат од повеќе лица во средно училиште во Бутел