Путин: Искрено се надевам дека ќе биде спроведен планот на Трамп за Појасот Газа

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави оти се надева дека планот на американскиот претседател Доналд за завршување на војната во Појасот Газа ќе биде успешно спроведен и оти Москва е подготвена да ги поддржи напорите за крај на крвопролевањето.
– Искрено се надевам дека овие иницијативи на американскиот претседател навистина ќе се остварат во пракса, наведе Путин на Самитот во Таџикистан.
Примирјето и ослободувањето на заложниците беа договорени како дел од првата фаза од планот на Трамп за прекин на војната во Појасот Газа.
Египетската државна телевизија Кахера објави дека примирјето официјално стапило во сила околу пладне по локално време, откако завојуваните страни го потпишале договорот во египетското одморалиште Шарм ел Шеик.
Според првата фаза од договорот, борбите ќе престанат, Израел делумно ќе се повлече од Газа, а Хамас ќе ги ослободи заложниците што ги зароби во нападот што ја предизвика војната, во замена за затвореници што ги држи Израел.
МИА
Ново на Сител
-

Стартап академија ги поврза младите од Македонија и Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Пратениците да се консултираат со уставни експерти пред да се носат измените за укинување на двојното државјанство
-

Предлогот за укинување на техничката влада помина на Собраниска комисија, Филипче со ултиматум до власта
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Мухамед Сејдини приведен за проневера и злоупотреби
-

Второ одложување на судењето за сообраќајката во која загина Јорго Ќука
