Путин го парафира договорот со Сирија за руската база во Латакија
Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша, претходно ратификуваниот, договор со владата на Сирија, со кој на Русија и се дозволува да ја користи својата воздухопловна база на сириската територија, уште половина век.
Договорот беше потпишан во јануари годинава, во Дамаск.
Овој сириско-руски договор се однесува на правото на користење на базата во сириската провинција Латакија, која од септември минатата година, беше користена од руските воени авиони во нивните воздушни напади врз позициите на џихадистите од Исламска држава (ИД), но и врз исламистичките групи кои војуваат против претседателот Башар ал Асад.
Договорот, претходно, беше усвоен од двата дома на рускиот Парламент.
Со овој договор се овозможува руски сили да се префрлаат во базата во следните 49 години, оставајќи можност документот да биде продолжен по првите 25 години од неговата примена.
Базата има силно стратешк значење за Москва и е клучна локација за руското воено присуство во реонот на Блискиот Исток.
Сирискиот претседател Асад, како и претходно, неговиот татко Хафез ал Асад , поранешен претседател на Сирија, се најблискиот сојзник на Русија во регионот.
Ново на Сител
-
Во Кочани уапсени 13 полицајци и началници кои биле на должност вечерта кога се случи трагедијата
-
Нетанјаху: Нападот врз Иран беше „многу успешен“, операцијата ќе трае со денови
-
Иран тврди дека подготвува остар одговор на израелските напади
-
Израелските авиони сè уште напаѓаат нуклеарни постројки низ Иран, соопшти армијата
-
Коцевски и обвинителскиот тим ќе информираат за досегашната постапка и донесената одлука за пожарот во „Пулс"
-
Во израелските напади е убиен шефот на Иранската револуционерна гарда
-
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во работна посета на земјава
-
Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба