Путин ги повика земјите да го уништат хемиското оружје

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги повика сите земји да го следат примерот на Русија и да ги уништат своите залихи на хемиско оружје.
- Ги повикуваме земјите кои имаат хемиско оружје да го следат нашиот пример и направат напори наскоро да ги отстранат своите преостанати залихи, а земјите кои се надвор од меѓународната и правна рамка на конвенцијата веднаш да им се придружат, рече Путин.
Рускиот претседател ги поздрави делегатите на 22. заседание на Конференцијата на држави учеснички на Организацијата за забрана на хемиско оружје, преку соопштение објавено денеска на страницата на Кремљ.
Путин рече дека последната серија на руското хемиско оружје е уништена на 27 септември, нарекувајќи го тоа „важен чекор кон поодговорен и постабилен свет“.
- Сигурен сум дека со покажување силна политичка волја ќе ја постигнеме нашата заедничка цел за создавање свет без хемиско оружје, истакна Путин.
Инаку, 22. заседание на Конференцијата на држави учеснички на Организацијата за забрана на хемиско оружје почна денеска во Хаг и ќе трае до 1 декември.
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
