Свет
5. October 2022 - 9:49

Путин ги потпиша законите за приклучување на четирите украински региони кон Русија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги потпиша законите со кои четирите украински региони Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје се приклучуваат на Русија. Како што пренесуваат странските агенции, овој потег на претседателот на Русија ја финализира анексијата извршена спротивно на меѓународното право.

На почетокот на неделава двата дома на рускиот Парламент ги ратификуваа договорите со кои четирите украински региони се приклучуваат кон Русија. Формалностите следеа по „референдумите“ организирани од Кремљ во четирите региони, кои Украина и Западот ги отфрлија како лажни.