-->
-->
Путин: Држењето затвореници во Гвантанамо нема ништо заедничко со демократските принципи
-->
Држењето затвореници во Гвантанамо нема ништо заедничко со демократските принципи, изјави рускиот претседател Владимир Путин, цитиран од ТАСС.
- САД кажаа дека ќе го затворат Гвантанамо. И што? Го затворија ли? Не. И сега таму има луѓе во окови, како во средновековието, рече Путин на форумот за медиуми „Општоруски народен фронт“ во Санкт Петербург.
- Сите организации за правата на човекот си ги голтнаа јазиците и никој ништо не кажува за Гвантанамо, забележа Путин.
„Тешко е да замислиме дека вакво нешто е можно во современиот свет - луѓе да се затвораат без суд и пресуда, неверојатно е дури тоа само и да си го замислиме. Замислете тоа да беше кај нас? изјави рускиот претседател.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лога: Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Сиљановска
-
Татко пријавил дека му било испратено видео материјал од физички напад на неговата ќерка
-
Фон дер Лајен: Патот на Северна Македонија кон ЕУ да продолжи со спроведување на реформите и почитување на Преспанскиот договор
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски
-
Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Силјановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп