Путин до западот: Ајде на дуел, изберете цел во Киев, ќе биде интересно

Претседателот на Русија, Владимир Путин на традиционалната прес-конференција за крајот на годината одговараше и за изменетата нуклеарна доктрина.
Путин минатиот месец одобри нови услови под кои Русија ќе го употреби својот нуклеарен арсенал. Според доктрината нападот од ненуклеарни држави, поддржан од нуклеарна сила ќе се третира како заеднички напад врз Русија.
На прашањето дали Западот ја прими пораката од изменетата нуклеарна доктрина, Путин наведе: „Не знам, прашајте ги нив“.
- Ако земјите создаваат закана кон Русија, Русија верува дека има право да употреби нуклеарно оружје против нив, истакна Путин.
Тој одговарајќи на прашање за новата руска балистичка ракета Орешник, што беше употребена против Украина во ноември, посочи дека западната технологија „нема шанси“ да ја пресретне.
- Ајде да направиме експеримент или дуел. Изберете цел во Киев, донесете ја западната воздушна одбрана таму и видете дали ќе можат да ја пресретнат. Тоа ќе биде интересно за нас, истакна Путин.
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
