Путин денеска ќе одговара на прашања пред повеќе од 1.400 новинари
Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја одржи денеска традиционалната годишна прес-конференција, за која се акредитирани над 1.400 новинари.
Конференцијата беше закажана за вчера, но поради погребот на рускиот амбасадор Андреј Карлов, убиен во Анкара, поместена е за денеска на пладне по локално време.
Одговарајќи на прашања дали се зајакнати мерките за безбедност поради убиството на рускиот амбасадор во Турција, портпаролот на Путин, Дмитриј Песков изјави дека сите настани на кои учествува претседателот се обезбедуваат на највисоко ниво.
Путин за оваа голема прес-конференција се подготвува со денови и мошне сериозно, пишува „Спутиник“ и додава дека во Кремљ велат оти претседателот тие денови практично и не спие „бидејќи се подготвува мошне внимателно, ги чита материјалите и го обновува знаењето за најразлични теми, од сите области на внатрешната и меѓународната политика, безбедноста и економијата“.
Во подготовките е вклучена цела армија помошници, сите министерства и другите државни институции и агенциите, кои на Путин му доставуваат релевантни информации и аналитички материјали. Тоа е цела база на податоци, бројки и сите можни информации.
Во Кремљ исто така се прават прогнози какви прашања ќе поставуваат новинарите или поточно кои теми најмногу ќе ги интересираат.
Оваа година за прес-конференцијата се акредитирани 1.437 новинари од целиот свет, што е 47 новинари повеќе од лани.
Разговорот со претставниците на седмата сила во декември 2015 година траеше подолго од три часа и за тоа време Путин одоговори на повеќе од 40 прашања. Најдолгата прес-конференција е одржана во 2008 година, кога рускиот претседател за четири часа и 40 минути одговори на повеќе од 70 прашања.
Ново на Сител
-
Сочувство и понуда за помош за несреќата во Кочани од страна на НАТО
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Мицкоски: Ги следиме случувањата во Србија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Диви депонии
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровскo езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела