Путин: Целосен и сигурен развој на односите меѓу Русија и Турција
Постепеното стабилизирање на внатрешните политички состојби во Турција ќе создадат услови за сигурен развој на односите со Русија, изјави рускиот претседател Владимир Путин на почетокот на средбата со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган во резиденцијата во Сочи.
Путин истакна дека односите меѓу Русија и Турција во целост се обновуваат и добиваат „посебен карактер“, додавајќи оти билатералните односи се развиваат „по планот“.
- Добро е што имаме можност благовремено да се сретнеме и да разговараме за клучните прашања од билатералната соработка, но и за важните прашања од меѓународната агенда, вклуичително и итните прашања, како што е сириската криза, посочи Путин.
Ердоган се согласи дека двајцата лидери имаат добра можност да разговараат за двата аспекта - билатерална соработка и регионални прашања.
- Сигурен сум дека овие чекори кои заедно ги преземаме ќа ја сменат судбината на целиот регион, потенцира Ердоган.
Ново на Сител
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче
-
Охрид најавува година на капитални инвестиции
-
Пренатрупаност во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Крвав пир во Цетиње – Убиени 12 лица, уште 4 тешко се повредени
-
Порасна бројот на загинати и повредени во терористичкиот напад во Њу Орлеанс