Пуштено во употреба реновираното подрачно училиште во гевгелиското село Кованец
Заменик министерот за образование Спиро Ристовски и градоначалникот на општина Гевгелија, Илија Франгов по петнаесетгодишно мирување денеска го пуштија во употреба целосно реновираното подрачно училиште во гевгелиското село Кованец.
Во стариот објект кој доби и нова фасада, уредена е една училница, наставничка канцеларија, училишна кујна и тоалети. Според изборното ветување на гевгелискиот градоначалник Франгов, училиштето во Кованец сега е целосно опремено и ги исполнува сите услови да функционира како подрачно училиште во состав на ОУ „Ристо Шуклев“ од Негорци.
- Пресреќен сум што после 15 години ова училиште со иницијативност на жителите на Кованец и со помош на општина Гевгелија и Министерството за образование повторно е ставено во функција. За нас како Министерство посебно е значајно тоа што ова претставува еден обратен процес наместо да затвораме училишта во малите места поради намален број ученици и паралелки ние отвораме нови и затоа овој пример заслужува да се следи и од останатите општини во државата, рече заменик министерот за образование Спиро Ристовски и најави дека годинава Министерството за образование ќе помогне да се реконструираат уште 60 училишта во Македонија.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов исто така изрази голема благодараност до жителите на селото Кованец за несебичната помош додека се градеше училиштето и побара од нив ветување дека отсега па натаму ќе се грижат ова училште никогаш повеќе да не се затвори.
Жителите на Кованец задоволни од исполнетото ветување изразија благодарност до градоначалникот на општина Гевгелија и до заменик министерот за образование Спиро Ристовски затоа што нивните деца повеќе нема да патуваат десетина километри во еден правец до Негорци за да одат до училиште.
Реконструкцијата на училиштето во Кованец чинеше повеќе од 700 илјади денари од кои поголемиот дел беа озбезбедени од буџетот на општина Гевгелија и од Министерството за образование.
Ново на Сител
-
Швајцарска олимпијка загина во лавина
-
Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961
-
Тајните на добро политичко интервју | Васко Ефтов | Неформално | Sitel Podcast 076
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Градот Скопје демантира
-
Пакетчиња со поминат рок
-
Кочани: Со „југо“ влетал во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот
-
Пукање во Чаир - Се расправале во работилница па едниот почнал да пука во другиот