Пуштени во собраниска процедура ратификациите на протоколите за членство на Шведска и Финска во НАТО

– Владата ги пушти во собраниска процедура одделните Предлог-закони за ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Кралството Шведска и на Република Финска, со цел да се создадат формални правни предуслови, по стапувањето во сила на Протоколите, двете земји да може да пристапат кон НАТО.
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и членовите на Владата отворено ја поддржаа иницијативата на Шведска и Финска за членство во НАТО и уште во мај беше дадена согласност за прием на двете држави во НАТО.
– Протоколите кон Северноатлантскиот Договор во врска со пристапувањето на Кралство Шведска и Република Финска се потпишани во Брисел на 5 јули 2022 година од овластени претставници на државите-членки на НАТО, се наведува во соопштението од владината прес-служба.
Република Северна Македонија, се вели во соопштението, даде целосна поддршка за политиката на отворени врати на НАТО, поддржувајќи го натамошното проширување, како и зачленувањето на Кралството Шведска и на Република Финска во Северноатлантската Алијанса оценувајќи го како важен чекор и придонес за зајакнување на безбедноста и стабилноста во Европа, имајќи го предвид неоправданиот воен напад на Украина од страна на Руската Федерација.
– Шведска и Финска имаат развиено многу високо ниво на соработка со НАТО и нивното членство ќе ја зајакне политичката сила на Алијансата, а со нивниот прием Алијансата демонстрира единство, додаваат од Владата.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски на настан за програмата Еразмус+ на Економскиот факултет
-

EK отпушти свој висок функционер поради „примање подароци“ од Катар во замена за доверливи податоци
-

Без вода хотелот Континентал и трговскиот центар Ист Гејт
-

Трамп се закани со царини од 50 проценти на канадските авиони
-

Гутереш вели дека „очигледно е време“ жена да застане на чело на ОН
-

Камионџиите од Србија и БиХ продолжуваат со блокадите, во вторник состанок на министрите од Западен Балкан со ЕК
-

Променливо облачно со локален дожд, а на планините снег
-

ПС на Советот на Европа го затвори пост-мониторинг дијалогот со Северна Македонија – важно институционално признание за напредокот на државата
