Пуштена во употреба нова училишна зграда на ОУ „Живко Брајковски“
Осумстотини ученици од Основното училиште „Живко Брајковски“ во Општина Бутел од денеска посетуваат настава во нова училишна зграда. Новото училиште има 25 училници, целосно нова опрема, кабинети, канцеларии, трпезарија... Во изминатите 52 години наставата се одвиваше во бараки изградени по земјотресот.
Премиерот Никола Груевски на пуштањето во употреба на новиот објект истакна дека никогаш порано не се граделе толку многу училишта и оти во таквиот залет на изградба и реконструкција на училишта полека но сигурно во историјата заминуваат и старите монтажни бараки изградени по земјотресот во 1963 години.
- Поминаа 50 години во кои никој не смогна сили да изгради нови училишта. Оваа Влада заврте нов лист во таа лоша традиција и за само неколку години се изградија нови училишта, рече Груевски.
Училиштето „Живко Брајковски“, потенцира, доби нов објект со нови услови, како за учениците, така и за наставниот кадар.
Од 2006 година до 2015 година, информира премиерот, инвестирани се над 50 милиони евра во изградба на 70 нови училишта и обнова на 350. Дополнително, како што рече, денеска почнавме да градиме ново училиште во Општина Кисела Вода, во завршна фаза е ново училиште во Сарај, се работи на доградба на две училишта во Ѓорче Петров и во Велес, а во тек е и општински план за реконструкција на дополнителни 45 училишта низ Македонија кои е планирано да завршат до крајот на годинава. Со овие проекти ќе стасаме до бројка од 395 реконструирани и 74 новоизградени училишта низ Макеоднија до крајот на оваа година, рече Груевски.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој во ОУ „Живко Брајковски“ го почнал образованието, потенцира дека нема подобар момент за почеток на учебната година од пуштање во употреба на ново училиште.
- Низ „Живко Брајковски“ поминаа многу генерации и се школуваа голем број ученици. Во целиот период, во сите овие децении, независно што условите не беа којзнае какви продолжи да произведува квалитена настава и да ги образува децата што живеат во Општина Бутел, наведе Ставрески.
Од денеска, нагласи, 800 дечиња од Општина Бутел ќе имаат исклучително добри услови и немаат причина да не учат. - Така се договоривме со децата, од денеска па натаму ќе учат дополнително повеќе, а наставниците секако имаат мотив повеќе да ја вршат наставата во вакви добри услови, рече Ставрески.
Градоначалникот на Општина Бутел Петре Латиновски наведе дека за првата фаза во изградбата на училиштето Општина Бутел инвестира 40 милиони денари, по што се продолжи со финансиите обезбедени преку проектот на Министерството за финансии.
- При изградбата се запазени сите стандарди како при изградба на објектите во развиените држав
Ново на Сител
-
Ураганот Милтон во Флорида усмрти најмалку 14 луѓе
-
Земјотрес со епицентар во Демир Капија
-
Честитка од СПМ по повод 11 Октомври - Денот на народното востание
-
Мицкоски по повод 11 Октомври: Нашите дедовци имаа за цел да ја ослободат државата, а ние имаме цел економски да ја развиеме
-
За една седмица 613 хоспитализирани и 17 починати од Ковид-19 во Грција
-
Сиљановска Давкова по повод 11 Октомври: Да се обединиме во заедничката борба за просперитетна европска држава и за праведно македонско општество
-
Ден на народното востание
-
Врачување на државната награда „11 Октомври“