-->
-->
Пуштена во употреба нова спортска сала во населба Ченто
-->
Нова спортска сала денес беше пуштена во употреба во основното училиште „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто, втора во општина Гази Баба.
На отворањето присуствуваа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски, владини министри, градоначалниците на Скопје и општина Гази Баба Коце Трајановски и Тони Трајковски.
Вицепремиерот Пешевски истакна дека Владата ќе продолжи да инвестира во спортот, од кој бенефит имаат сите граѓани.
Воедно, најави дека во општина Гази Баба во новата програма на која интензивно се работи се планирани низа проекти меѓу кои нов објект за основното училиште „Крсте Мисирков“.
-Карактеристиката на ВМРО-ДПМНЕ е да ги прави работите како што треба, потенцираше Пешевски.
Директорот на АМС Марјан Спасески потенцираше дека новата спортска сала е 34-та изградена по ред, а е 220-тиот спортски објект реализиран од Агенцијата за млади и спорт.
Оваа сала, посочи Спасески, била дел од приоритетите бидејќи е барање на граѓаните од населбата Ченто.
Градоначалникот на Гази Баба додаде дека оваа општина е најспортска општина, каде што се доделуваат стипендии за најталентираните спортисти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лишени од слобода две лица во Скопје, пронајден кокаин | ФОТО
-
Откупот на тутунот е при крај, родот е преку 20 илјади тони
-
УХМР најавува студен бран со обилни врнежи од снег
-
УЈП: Регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници до 15 јануари
-
Седумнаесет години од хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце
-
Нема да бидеме Американци, туку Гренланѓани, но отворени сме за соработка, вели премиерот на најголемиот остров во светот
-
Бајден ја осуди одлуката на Мета да ја прекине програмата за проверка на факти
-
Данската влада размислува да го зголеми своето воено присуство на Гренланд