-->
-->
Пуштена во употреба целосно реконструираната зграда на Даночното одделение во Кичево
-->
Даночното одделение од Кичево се врати во старата целосно реконструирана зграда. Управата за јавни приходи на РМ издвои средства за целосна реконструкција на оваа зграда, со што таа доби сосема нов лик и неспоредливо подобри услови за работа.
Зградата денеска свечено беше пуштена во употреба од страна на директорката на УЈП, Сања Лукаревска која беше во придружба на нејзиниот заменик Насер Демири. Откако ги прегледа сите простори директорката Лукаревска рече дека по реконструкцијата на централата во Тетово, денеска се пушта во употреба и целосно реконструираната зграда на Даночноти оделение овде во Кичево, а утре и во Гевгелија. Целта е да се подобрат условите за работа на вработените, истакна Лукаревска.
За реконструкција на на објектот во Кичево се потрошени околу четри милиони денари.
На прашањето од новинарите зошто нема натписи на албански јазик, директорката на УЈП рече дека тоа наскоро ќе се среди. Инаку објектот на Даночното одделение се протега на два ката и располага со околу 250 метри квадратни корисна површина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје

